Денеска беше редок случај да се присуствува на изведби на класична музика на отворено, пред Саат-кулата во Прилеп. На пијано со својот талент се претставија ученици од Основното музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“. Публика беа нивните наставници, соученици, родители, пријатели, но и случајни минувачи. Сите деца изведувачи ги заслужија аплаузите.
Летово е исполнето со културни настани во градот, а следниот голем е од петок, Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“.
ВИДЕО