Комплетиран е списокот екипи учеснички во следната сезона од Супер-лигата на Македонија во ракомет за мажи. Таа е скусена од 16 на 12 тима. Во неа се осумте учесници во плејофот – Еурофарм Пелистер (Битола), Вардар, Алкалоид, Бутел, Пролет (Скопје), Тиквеш (Кавадарци), Охрид и Струга. Учество таму обезбедија две најдобри екипи од плејаутот – Прилеп и Куманово. Исто така суперлигаш стана и првопласираниот тим од Првата лига, Бисинов (Велес). Последниот учесник во Супер-лигата е Радовиш, второпласиран од Првата лига, преку бараж-победата од 27:26 над Еурофарм Пелистер 2 (Битола), третопласиран од плејаутот на Супер-лигата.
Според ова, нови суперлигаши се Бисинов (Велес) и Радовиш, а отпаднаа Еурофарм Пелистер 2 (Битола), Мултиесенс, Голден арт, Скопје, Аеродорм (Скопје) и Вардар (Неготино).