Шах

ХРВАТСКА: ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВЕЛЕСКИ НАД НЕКОГАШНИОТ СВЕТСКИ МЛАДИНСКИ ШАМПИОН!

Убава вест од Шолта, остров во Хрватска, каде се одржа Седмиот меѓународен блиц-турнир во шах. По 11 одиграни кола победник е прилепчанецот Роберт Велески, фидемајстор. Првото место е вредно затоа што е во конкуренција на 46 шахисти од 12 држави. Меѓу нив беа 8 фидемајстори, 3 интермајстори и еден велемајстор, Огњен Цвитан од Хрватска. За него е познато дека некогаш беше светски младински шампион и освојувач на сребрен медал со репрезентацијата на Југославија. Нашиот Велески иако загуби во дуелот со Цвитан, на крајот успеа да освои 9 поени за да биде над сите на конечната табела. Веднаш под него е Цвитан со 8,5 поени, па ИМ Срѓан Сале (Хрватска) со 8 поени, ФМ Рафал Тумракиевиќ (Полска), ИМ Милан Мрѓа (Хрватска) и ИМ Озрен Бити (Хрватска) со по 7,5 поени итн. Прилепчанецот, единствен претставник на Македонија, загуби двапати (од ВМ Огњен Цвитан и ИМ Срѓан Сале – Хрватска), а деветпати победи (со Марко Пркиќ, ИМ Озрен Бити, ИМ Милан Мрѓа, Марин Гргантов, Матија Мимица – Хрватска, Симеон Бретнер – Германија, Јуре Пласкан – Словенија, ФМ Рафал Тумракиевиќ – Полска, ФМ Сием Ван Дел – Холандија),   Организатор на турнирот беше Шаховскиот клуб Брда од Сплит.

Роберт Велески беше учесник и на Меѓународниот турнир „Шолта опен“ каде го освои 25. место меѓу 66 шахисти од 16 држави.

Од категоријата

ПРИЛЕПСКО ДЕРБИ ВО ОХРИД!

Зоран Иге

НИКОЛОСКИ ПОБЕДНИК МЕЃУ 58 УЧЕСНИЦИ!

Зоран Иге

СЕ ПОЈАВИ ДЕТЕ ШТО ГИ ПОБЕДУВА СИТЕ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе