Второлигашот Победа доведе уште еден нов фудбалер во своите редови. Станува збор за 19-годишниот Никола Талески, досегашен напаѓач на струмичка Беласица. Всушност, тој е прилепчанец кој трансфер во Струмица има уште пред четири години, во Брера. Првата регистрација како дете ја имал за школата Перак од Прилеп.
Талески е третиот новодојден во Победа. Претходно пристапија: 21-годишниот крилен напаѓач Амир Фејзуловски, битолчанец кој досега беше член на второлигашот Детонит од Радовиш и неговиот сограѓанин 20-годишниот Мартин Андоновски, досегашен играч за врска од гевгелиски Кожуф. Од прилепскиот клуб информираат дека преговараат со повеќемина, па нови се очекуваат и следниве денови.
Тренинзите по двапати дневно продолжуваат, а првиот пријателски меч е на 17 јули со Борец во Прилеп.