Екипата Победа договори противник и за последниот празен термин, вторник/среда (23/24 јули). Тогаш на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп ќе гостува второлигашот Кожуф од Гевгелија. Ривалите се стари познаници, а и во претходното првенство ги одмеруваа силите. На табелата Победа беше на крајот 14-та, Кожуф 10-ти.
Еве го распоредот за сите тестови на Победа: утре (сабота) во 18 часот, исто во Прилеп, е првиот од серијата пријателски мечеви – со второлигашот од Неготино, Вардар, потоа со Кожуф дома (23/24 јули), со Башкими во Куманово (27 јули), со Охрид (31 јули), со Беласица (3 август), на крајот со Брегалница Штип (10 август),