Фудбал

НОВАТА ПОБЕДА ДЕНЕСКА ПРВПАТ ПРЕД ПРИЛЕПСКАТА ПУБЛИКА!

Серијата контролни, подготвителни мечеви, за второлигашот Победа почнува денеска во 18 часот. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп е дуелот Победа – Вардар Неготино. Прилепската публика која е позната во минатото и по масовната посета на тренинзите, секако дека со нетрпение го чека денешниот прв пријателски меч за да го види новиот изглед на Победа. Во врска со ова, треба да се очекува младите фудбалери кои настапуваа пролетоска да бидат посилни со искуството, а кон нив се придодаваат и новодојдените кои се одбрани со таа цел да го зголемат квалитетот. Досега од прилепскиот клуб информираа дека пристапиле: 20-годишниот десен страничен Матеј Ѓурчиновски (Слога Виница), 19-годишниот напаѓач Никола Талески (Беласица). 21-годишниот крилен напаѓач Амир Фејзуловски (Детонит) и 20-годишниот играч за врска Мартин Андоновски (Кожуф).

Во средата поради големите горештони се откажа дуелот Победа – Борец.

Од категоријата

ПОБЕДА ПРОМАШИ 12 ЗИЦЕРИ!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ДВЕ ИЗНЕНАДУВАЊА, СО ДЕСЕТ-НУЛА И ЕДЕН-ДВА!

Зоран Иге

НЕИСКОРИСТЕНИ ШАНСИ – ПЕТТИ ПОРАЗ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе