100 години фудбал во Прилеп

(фото) СЕМАФОР НА СТАДИОНОТ ВО ПРИЛЕП!

Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп уште пред повеќе од половина век, пред да биде именуван со името и презимето на славниот револуционер, имаше семафор за прикажување на резултатот.  Повозрасните фудбалски љубители се сеќаваат дека повод за негово поставување е квалификацискиот меѓудржавен натпревар за Олимпијадата 1972, меѓу Југославија и ДР Германија (0-0). Семафорот, за тоа време доста солиден, поставен над излезот од клупските простории кон теренот, функционира во времето кога Победа е учесник во Втората југословенска лига – Исток. Остана фотографија со екипата на Победа (Живко Ѓорѓиоски, Благој Истатов, Стојан Арсов, Ванчо Дрвошанов, Методија Цветкоски, Иван Мечев – Гоце Манески, Александар Трајков, Јове Магдески, Јордан Митрев, Томе Георгиев), на која се гледа првиот поставен семафор на прилепскиот стадион. Но, по кусо време тој семафор е отстранет, а поставен нов семафор над покрив од додаден дел на тие клупски простории – соблекувални. 

И вториот семафор е за тоа време вообичаен, од лимени правоаголни парчиња на кои има бројки, до нив ознаките „ДОМАШНИ“ и „ГОСТИ“. Имаше и мерач на времето со една стрелка со движење кружно до 45. минута. Некои од прилепчаните се сеќаваат дека овој семафор беше точно над покривот од гостинската соблекувална. Требаше да функционира многу едноставно, со менување на правоаголниците на кои имаше бројки. Во првите мечеви беа задолжени деца да ги менуваат бројките кога паѓаа голови. Изгледа дека тешко одеше. Беше проблем механизмот. Го поправаа, никако не се најде решение и кренаа раце. Натаму, стоеше “замрзнат”, сокогаш со ист резултат, 1:1. Мечот непочнат, а 1:1! Потоа ја снема едната единица и остана само една бројка, резултат „еден“ спрема „ништо“..

Стариот семафор како некој споменик стоеше на истото место дури до 2004 година, кога почна реновирањето на објектот.

Од категоријата

НА ДЕРБИ КОГА ГОСТУВА БЕЛАСИЦА, СТАДИОНОТ Е ПОЛН ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

НА ОВОЈ СТАДИОН Е ПОДВИГОТ НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА!

Зоран Иге

ОДБОР ЗА СПАС НА ПОБЕДА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе