Ракомет

ПРИЛЕПСКА ДЕСПИНА ПО ДОЛГИ 7 ГОДИНИ Е СО НОВ ТРЕНЕР!

Женскиот ракометен суперлигаш Деспина има нов тренер – Андријано Котевски. Ова е крупна промена во клубот затоа што долги седум години на таа позиција беше Страшо Илиески. За потсетување, Илиески од летото 2017 стана тренер наследувајќи го Рубин Богојески, токму тогаш кога клубот од Прилеп се преименува во Деспина. А што се однесува до Котевски, ракометната јавност го знае по титули со кадетски тимови на скопски Вардар и Прилеп, со пионерките на Пелистер, по учество во Стручниот штаб на Македонија на Кадетско европско првенство, како и по тоа што беше тренер и на машкиот клуб Прилеп, пред четири – пет години. Во Деспина доаѓа од Пелистер. Претстојат денови кога ќе се знае дали ќе има промени и во играчкиот кадар. Таму највозрасната Мери Гичева продолжува и како играч и како помошник-тренер.

Првиот собир е закажан за 5 август.

Од категоријата

ПРИЛЕП ОД МИНУС ТРИ ДО ПЛУС ТРИ!

Зоран Иге

(фото) УБЕДЛИВА ПОБЕДА ЗА ПРВИ ТРИ БОДА!

Зоран Иге

ТАСТАТА Е РИВАЛ НА ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе