Фудбал

(фото) ПРИЛЕП: НАЈМАЛИОТ И НОВИОТ ДАДОА ГОЛОВИ!

 

Во пријателски меч на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, Победа – Кожуф 2:0. Стрелци се најмладиот и новиот во домашниот тим. Првиот гол во првото полувреме го даде Димитар Шаркоски. Станува збор за истиот фудбалер кој неодамна, во бараж-меч со Куманово постигна победоносен гол за опстанок во Втората лига. Тој има само 16 години, исто колку и Давид Паскоски. Вториот гол денеска го даде новодојдениот токму од редовите на Кожуф, 20-годишниот Мартин Андоновски. Беше реализатор на пеналот, изнуден по фаулот врз Мартин Миланоски.

ПОБЕДА: Столевски, Кофиловски, Ивчески, Ристов, Ѓурчиновски , Богевски, Да. Спиркоски, Д. Дебрешлиоски, Фејзуловски, Д. Шаркоски, Н. Талески. Уште настапија: Шемкоски, Миланоски, М. Талески, Андоновски,  Л. Петејчук, Крајоски,  Тасески, Митрикески, Новески, Паскоски, Арифи, С. Спиркоски, И. Трајкоски.

Следниот, трет контролен меч за Победа е в сабота со Башкими, во Куманово.

ГОРАН ДИМОСКИ ВО БОРЕЦ

Десниот бек на Победа, Горан Димоски, ја прифати понудата и замина во новиот второлигаш Борец. Тој е четвртиот што летово го напушти прилепскиот тим, покрај левиот бек Христијан Поп-Антоски (Детонит), десниот бек Никола Сарески (Кожуф) и напаѓачот Дестан Адили (Воска). Од друга страна, новодојдени во Победа се петмина: голманот Антонио Шемкоски (повратник од Големо Коњари), десниот бек Матеј Ѓурчиновски (Слога Виница), за врска Мартин Андоновски (Кожуф), напаѓачите Никола Талески (Беласица) и Амир Фејзуловски (Детонит).

 

Од категоријата

ДЕНЕСКА НА ГРАДСКИ, ОД УТРЕ ПРЕСЕЛБА НА МОГИЛА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПОБЕДА ПРОТИВ БЕЛАСИЦА

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА ТРИПАТИ СО РЕД ИГРА ДОМА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе