Фудбал

ПОБЕДА ИМАШЕ ЧЕТИРИ ШАНСИ ВО КУМАНОВО, НО…

Попладнево во Куманово се одигра пријателски подготвителен меч меѓу второлигашите Башкими и Победа. Домашниот тим победи со 2:0, со постигнати голови по еден во полувреме. Стрелци: Меметриза Хамза во 7. и Елмедин Ќаили во 47. минута. За вториот гол впечатокот е дека е од офсајд-позиција.

Во врска со изданието на прилепскиот тим, според информациите од Куманово се одигра мошне солидно против екипата која претходното првенство го заврши на 8. место. Како и на многу претходни натпревари, капитенот, голманот Антонио Столевски и денеска со одлични одбрани (се придодаде и замената Антонио Шемкоски). Како плод на таа солидна игра се шансите на Леонид Кофиловски стонастотна (во иста акција удари и со глава и со нога),Никола Талески и Марко Ристов – трите во првото полувреме, како и на Салим Арифи во претпоследната минута од мечот.

ПОБЕДА: Столевски, Кофиловски, Ивчески, Ристов, Ѓурчиновски , Богевски, Да. Спиркоски, Д. Дебрешлиоски, Фејзуловски, Андоновски,  Н. Талески. Уште настапија: Шемкоски, Миланоски, М. Талески, Л. Петејчук,  Тасески, Новески, Паскоски, Арифи, С. Спиркоски, И. Трајкоски, Д. Шаркоски.

Беше четврта контрола за Башкими, трета за Победа. Следниот пријателски меч на Победа в среда, пак на гости, кај Охрид.

 

Од категоријата

ПОБЕДА – ВАРДАР

Зоран Иге

(фото, видео, состави) НЕМОЖНОТО СТАНА МОЖНО ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(фото, видео, состави) ПОБЕДА СЕ ОДБРАНИ СО ДВАЈЦА ИГРАЧИ ПОМАЛКУ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе