Ракомет

ЖДРЕПКА: ПРИЛЕП СО ПЕЛИСТЕР!

Извршена е ждрепка, по која се познати групите и распоредот на натпреварите од деветтото издание на Меѓународниот меморијален турнир „Миле Нешковски“ во Прилеп од 29 август до 1 септември. Според ждрепката, во А-групата се екипите Прилеп, Тиквеш (Кавадарци) и Еурофарм Пелистер 2 (Битола), додека во Б-групата се Охрид, Врање (Србија) и Куманово. Интересни дуели, особено на прилепскиот и битолскиот тим, ривали до последното коло во плеј-аутот на претходната сезона од Супер-лигата на Македонија.

Четиридневната програма почнува на 29 август од 16 часот со положување цвеќе пред Универзаната сала, на споменикот од легендарниот ракометар Миле Нешковски, а потоа се настаните во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, од 18 часот мечот Охрид – Куманово, од 20 часот Прилеп – Еурофарм Пелистер 2. На 30 август се два меча, од 18 часот Врање – Куманово, од 20 часот Тиквеш – Прилеп. Третиот ден, 31 август се последните дуели по групи, од 18 часот Охрид – Врање, од 20 часот Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2. Последниот ден, 1 септември, од 11 часот е мечот за петто место, од 13 часот за трето, од 15 часот финалето па свеченото затворање.

Минатата година победник беше Дубочица од Лесковац (Србија).

Од категоријата

ДОБАР ТЕСТ ЗА ПРИЛЕП ВО КАВАДАРЦИ

Зоран Иге

ДЕНСКИ Е ПРВИОТ ОВОГОДИШЕН СОБИР

Зоран Иге

ПРИЛЕП СО ШАНСА ЗА ПОБЕДОНОСНА СЕРИЈА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе