На денешниот контролен меч во Охрид, Охрид – Победа 2:1. Добра проверка на двата второлигаша. Според информациите од Охрид, домашната екипа успеа да постигне два гола во серија – преку Стефан Џајкоски и Алтин Лога. Меѓутоа, во второто полувреме штотукувлезениот 17-годишен Салим Арифи при првиот контакт со топката удира силно и неодбранливо во аголот за 2:1. Ова беше петта контрола за Охрид, четврта за Победа на која и се неопходни овие претсезонски мечеви со оглед на младоста, каде капитенот Антонио Столевски има само 22 години, а и највозрасниот Стефан Спиркоски не е далеку, со 25 години.
ПОБЕДА: Столевски, Кофиловски, Ивчески, Новески, Ѓурчиновски, Богевски, Да. Спиркоски, Д. Шаркоски, Фејзуловски, Андоновски, Н. Талески. Уште настапија: Шемкоски, Миланоски, М. Талески, Л. Петејчук, Тасески, Паскоски, Арифи, С. Спиркоски, И. Трајкоски.
Следниот тест за Победа е в сабота, со Беласица, во Струмица.