Според народната „кој рано рани – две среќи граби“, така и женскиот ракометен тим на Деспина денеска наутро го почна тренингот во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Екипата водена од новиот тренер Адријано Котевски и асистентот Зоран Спиркоски, синоќа го имаше првиот собир, а од денеска тренинзите се по двапати дневно – наутро и навечер. Во врска со играчкиот кадар засега нема промени, така што може да се смета на Ивона Ристевска, Елена Рипилоска, Магдалена Ѓорѓиоска, Ангела Камческа, Сања Цветкоска, Мери Спиркоска, Лилјана Димитрова, Маја Ристеска, Евгенија Цаневска, Мери Гичева, Евгенија Илиева, Невена Бундоска, Матеа Христоска, Анастасија Јованоска, Симона Спиркоска, Весна Христоска…
Тренинзите ќе се одвиваат во Прилеп, а до почетокот на првенството во септември ќе се одиграат и неколку пријателски натпревари.
ПРВ СОБИР И НА РК ПРИЛЕП
Синоча на истото место, во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ првиот собир го имаше и машкиот суперлигаш Прилеп, предводен од тренерот Божидар Мојсов. Тој во тимот има нови: голманот Стефан Христоски од Партизан (Белград, Србија), пивотот Александар Тренчевски (Струга), како и бековите – Божидар Илиески (Мултиесенс Скопје) и Никола Јеремиќ (Елвиес, Шпанија).
Во рамките на подготовките, екипата Прилеп ќе има серија пријателски мечеви, меѓу кои неколку се на деветтото издание од Меѓународниот меморијален турнир “Миле Нешковски” од 29 август до 1 септември, каде учествуваат и Охрид, Тиквеш (Кавадарци), Куманово, Еурофарм Пелистер 2 (Битола), како и Врање Србија).