Во саботата беше стартот на Втората фудбалска лига на Македонија, а на дербито во Штип Брегалница – Победа (2:1), во прилепскиот тим беа двајца играчи со исто име и презиме – Стефан Спиркоски. Многупати се случувало со исто презиме, но ова, со исто име и презиме, е реткост. Кога во 82. минута на местото од Дарио Спиркоски во средниот ред влезе во игра Стефан Спиркоски (број 6), веднаш се помисли на веќе познатиот 25-годишниот Стефан Спиркоски (број 30), кој веќе шеста сезона без прекин е во сениорскиот тим на Победа. Меѓутоа, се работи за друг Стефан Спиркоски, кој има 18 години и дебитира во сениорскиот тим на Победа, доаѓа од младинскиот погон, а претходно има играно и за футсал-тимот Победа.
За разликување на двајцата играчи – постариот е Стефан М. Спиркоски, помладиот Стефан П. Спиркоски.