100 години фудбал во Прилеп

ПРИЛЕПСКИ МАЈСТОРИИ ЗА МАЛ ФУДБАЛ!

Необично, а многу атрактивно. Во декември 1991 и јануари 1992 година, на иницијатива од ФСМ се формира Лига во мал фудбал со осум клуба: југословенските прволигаши Вардар (Скопје) и Пелистер (Битола), второлигашот Балкан (Скопје), третолигашите Брегалница (Штип), Борец (Велес), Силекс (Кратово), Македонија (Скопје) и Победа (Прилеп). Се планираа седум кола, но поради откажувањето и суспензијата на Брегалница не се одиграа сите натпревари на турнирите во Скопје, Штип, Куманово, Битола, Велес и двата во Прилеп. Екипата на Победа одигра одлично, постигнувајќи четири победи (Силекс 6-2, Брегалница 11-2, Македонија 5-3, Борец 3-1), две нерешени (Балкан 0-0, Пелистер 2-2), а доживеа само еден пораз (Вардар 3-4). Најинтересен беше токму дерби – натпреварот со Вардар во преполната Универзална сала. За Победа настапија: Благоја Смоквоски, Марјан Стојкоски, Милан Тодороски, Горан Тодоровски, Гордан Наумоски, Тони Наумоски, Тони Шалев, Божо Милошески, Благоја Филипоски и Николче Јошески.

Табела: Вардар 11, Победа 8, Пелистер 6, Борец и Македонија 5, Балкан 4, Силекс 3.

Од категоријата

НАЈГОЛЕМИОТ ПРИЛЕПСКИ ТАЛЕНТ ОДБИ ДА БИДЕ РОБОТ!

Зоран Иге

НАВИВАЧИТЕ СО БАРАЊЕ ДА СЕ СМЕНИ ИМЕТО НА КЛУБОТ!

Зоран Иге

НАЈДРАМАТИЧНОТО СЕ СЛУЧИ ПОЛОВИНА ЧАС ПО НАТПРЕВАРОТ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе