Фудбал

ТРЕТА ЛИГА: ПО ГЛЕДАЊЕ НА СНИМКА, ИЗБРИШАНА КАЗНА ОД 24 МЕСЕЦИ!

Од Кавадарци, седиштето на Третата фудбалска лига – Југ, доаѓа поволна вест за екипата Големо Коњари. Дознаваме дека е избришана казната од 24 месеци за Борче Сркески, играчот од средниот ред. Тој ќе има право да настапи на првиот есенски дерби-меч во Крушево, Питу Гули – Големо Коњари, в недела во 15 часот. Претходно, кога седиштето беше во Велес, 24-годишниот Сркески доби казна забрана на настап од 24 месеци, по добиениот црвен картон на 14 април во Кривогаштани, со Младост. Меѓутоа, по жалбата на клубот Големо Коњари, во Кавадарци била прегледана снимката од најбитните моменти, по што е констатирано дека казната е неправедна, и затоа е избришана.

Во пресрет на дербито со Питу Гули, клубот Големо Коњари (чиј претседател е Тони Даноски, тренер Горан Касниоски, асистент Дејан Сркески) одигра четири пријателски мечеви – со Влазними јуниор (Пресил), Могила, Питу Гули и Влазерими (Кичево). Екипата е без голманот Антонио Шемкоски (Победа) и напаѓачот Блеранд Ќамили (Камјани, Тетово), но има четворица нови – голманот Душан Ацески (Мукос, Дреновци), за врска Онур Имероски (Слога, Лажани) и Зоран Котески (Кадино), како и напаѓачот Виктор Тошески (Црвена ѕвезда, Сенокос).

Од категоријата

(фото, состави) ВО ГОЛЕМА БИТКА ЕДЕН ГОЛ ГО РЕШИ ПРИЛЕПСКОТО ДЕРБИ!

Зоран Иге

ДЕСПИНА ЗЕДЕ БОД ОД ТЕШКОТО ГОСТУВАЊЕ ВО СТРУГА!

Зоран Иге

ВРЕМЕ ЗА ПРОМЕНИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе