Ракомет

ПРИЛЕП ДО РЕМИ ПРЕКУ РАЈАТОВСКИ

Драматично беше во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, на дуелот Прилеп – Пролет. Гостите водеа со 5 разлика, потоа домашните дојдоа до пресврт и поведоа со два, а на крајот нерешено 30:30. Последните три и пол минути не се постигна гол и затоа овој конечен резултат од 57. минута. При водство на гостите од 30:29 израмнувачкиот погодок за Прилеп го даде Пеце Рајатовски. Најефикасни: Христи Бикоски со 6, Пеце Рајатовски, Томислав Квастек со 5 (Прилеп), Александар Василевски со 10, Паско Андоновски со 7, Давор Палевски со 6 гола (Пролет).
РЕЗУЛТАТИ: Прилеп – Пролет 30:30, Тиквеш – Еурофарм Пелистер 27:31, Радовиш – Охрид 18:36, Струга – Бисинов 30:31, Бутел – Куманово 29:12, Алкалоид – Вардар вечерва.
СЛЕДНО 2. КОЛО (15 септември): Куманово – Прилеп, Вардар – Бисинов, Пролет – Тиквеш, Алкалоид – Радовиш, Еурофарм Пелистер – Струга, Охрид – Бутел.
ЖЕНИ
Во 1. рунда од Супер-женската лига, В-група, Деспина – Вардар 21:33. Најефикасни: Ангела Камческа со 6, Сања Цветкоска со 5 (Деспина), Леона Миленковска со 8, Дона Тодоровска со 6 гола (Вардар).
НАТПРЕВАРИ ОД 1. КОЛО: Деспина – Вардар 21:33, Шампион – Ѓорче Петров в четврток.
СЛЕДНО 2. КОЛО (15 септември): Ѓорче Петров – Деспина, Спартак – Шампион.

Од категоријата

НОВ ТРЕНЕР ДО ПОНЕДЕЛНИК

Зоран Иге

БОРБА ЗА ПОЛУФИНАЛЕ!

Зоран Иге

ДЕВОЈКИТЕ ЗАВРШИЈА – МАЖИТЕ ДО 28 МАЈ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе