Фудбал

(фото, состави) ПОБЕДА СО ТРОЈЦА НОВИ МЛАДИ ПРОТИВ МОЌНИОТ ТИКВЕШ!

Денеска второлигашот Победа имаше контролен меч со прволигашот Тиквеш, меч на кој беа неколку измени во прилепскиот тим. Имено, домашниот тренер Јане Николоски не можеше да смета на Бојан Ивчески (заедно со Димитар Шаркоски се повикани во Младинската репрезентација на Македонија до 18 години), Давид Дебрешлиоски (со Антонио Столевски и Дамјан Ангелковски имаат повик за Аматерската репрезентација на Македонија), како и Амир Фејзуловски, кој летоска дојде од Детонит, но сега замина за штипска Брегалница. Отсутни беа уште Никола Талески, Леонид Кофиловски и Мартин Андоновски. Од друга страна, денеска во сениорскиот тим на Победа се појавија кадетот Давид Паскоски (16-годишен), младинецот Стефан Бончаноски (18), а од битолски Пелистер се врати Давид Јошески (21).

Што се однесува до Тиквеш (тренер беше Ѓорѓи Мојсов, иако во записниците постојано е Гордан Здравков), според очекувањата успеа да победи убедливо со 4:0. За Победа е добро што повеќе да има дуели со вакви силни противници, за младите фудбалери да го добиваат неопходното искуство. Стрелци: Михаил Маневски, Алберто Витор 2 и Гуера Леонардо.

ПОБЕДА: Шемкоски, М. Талески, С. М. Спиркоски, Кукески, Д. Шаркоски, И. Трајкоски, С. П. Спиркоски, Да. Спиркоски, Л. Петејчук, Бончаноски, Арифи. Уште играа: Столевски, Јошески, Паскоски, Табаковиќ, Ангелковски, Ѓурчиновски, Миланоски, Богевски. Тренер: Јане Николоски.

ТИКВЕШ: Јанков, Стоименовски, Петровиќ, Коцев, Спиркоски, Маневски, Стојанов, Манасиевски, Гогов, Спахиу, Да. Тасев. Уште играа: Ма. Тодоров, Мојсов, Вареловски, Михаилов, Роберто, Стојковски, Ми. Тодоров, Витор, Леонардо, Ѓорѓиев. Тренер: Ѓорѓи Мојсов.

Следните натпревари се првенствени – на 14 септември Победа – Арсими, на 15 септември Работнички – Тиквеш.

 

Од категоријата

КАРШИЈАКА ГОСТУВА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ГОЛЕМО КОЊАРИ ДАДЕ СЕДУМ ГОЛА!

Зоран Иге

ФИНАЛИСТИТЕ ПОЗНАТИ ПО ГОЛЕМА ДРАМА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе