Моделарство

ПРИЛЕП: САМО НА МОГИЛА ИМА СПОРТ ЗА ГЛЕДАЊЕ!

Претстојниот викенд (14 и 15 септември) е речиси празен во поглед на спортските сениорски настани во Прилеп. Спортските љубители нема да имаат можност за гледање сениорски ракомет (женската Деспина гостува кај Ѓорче Петров во Скопје, машкиот Прилеп во Куманово), а слично е и со сениорскиот фудбал (Победа има пауза, Ултрас гостува во Бучин, членовите на Општинската лига почнуваат на 22 септември).

Според ова, спортски сениорски настан кој се издвојува е на теренот од стадионот „Могила“. Таму в сабота и в недела е Светскиот куп во летови со мултиротори (дронови), организиран од клубот Фил феникс и ВФМ (Воздухопловната федерација на Македонија), според календарот на ФАИ (Интернационалната воздухопловна федерација). Учествуваат 23 пилоти од седум држави. Македониците од Скопје – Бојан Ников, Александар Ников и Бошко Петрески (последниов со прилепски корени), имаат ривали од Кина, Чешка, Србија, Турција, Бугарија и Унгарија. Бојан Ников лани го освои златниот медал. Според тоа, претстои голема битка кон освојување нови поени за светската листа од ФАИ. Гледачите ќе можат од трибините да уживаат во трките на дрновите кои развиваат брзина и до 150 километри на час.

Натпреварите со дронови во Прилеп се со традиција од 2016 година, а светските купови од 2017.

КАДЕТСКИ И МЛАДИНСКИ ФУДБАЛ НА ВЕШТАЧКА

Сепак, за публиката да има можност за фудбалски мечеви, овозможува распоредот во Супер-лигата на Македонија за млади категории фудбалери. На теренот со вештачка трева во Прилеп, в сабота (10 часот) има меч меѓу кадетите на Победа и Македонија ЃП од Скопје, а во 12 часот е дуелот меѓу младинските екипи на Победа и Македонија ЃП.

В недела помладите и постарите пионери на двата клуба играат во Скопје.

 

 

 

 

Од категоријата

МАКЕДОНЦИТЕ СО НОВИ ПОЕНИ ЗА СВЕТСКАТА ЛИСТА

Зоран Иге

МЕЃУНАРОДЕН УСПЕХ НА ПРИЛЕПЧАНИТЕ

Зоран Иге

(фото) МАЛИ БРАЌА ОД ПРИЛЕП СО ГОЛЕМИ СВЕТСКИ РЕЗУЛТАТИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе