Моделарство

ВО ПРИЛЕП БОРБА НА АМЕРИКАНЦИ ПРОТИВ КИНЕЗИ!

Приближуваат деновите кога Прилеп ќе биде домаќин на врвно меѓународно натпреварување –  Светското јуниорско првенство во воздухопловно моделарство во рамките на ФАИ – Светската воздухопловна федерација. Благодарение на инволвираните во овој спорт, особено од клубот Фил феникс, одржувањето е пет дена, од 6 до 10 август на теренот кај Веселчани. Настанот не е никаква случајност, туку очекуван континуитет. По учества на наши спортисти низ успеси на разни меѓународни купови и првенства, по организација на купови и првенства кај нас, претстојново Светско јуниорскјо првенство е достигнат врв.

Се она што претставува талент од светски рамки, доаѓа кај нас. Тука се бранители на титули и освојувачи на медали. Во голема борба се очекува да бидат претставниците на светските велесили САД и Кина. Тука ќе бидат и други големи држави – Франција, Германија, па Полска, Романија, Шведска, Украина, од Израел и далечна Монголија, од Словачка, Чешка и Естонија, а од најблиските земји се Унгарија, Босна и Херцеговина и Бугарија.

Голема битка е извесна за секој медал. Категориите се: Ф1А (едрилици), Ф1Б (гуменици), Ф1Ц (качувачи). Репрезентацијата на Македонија е од тројца прилепчани – Лука Најдоски, Михаил Пожарски, Дино Најдоски и охриѓанецот Петар Цветановски. Прилепчаните се пријавени во категоријата Ф1А, а охриѓанецот во Ф1Б. Претходно Лука Најдоски заедно со Димче Велкоски и Анастасија Пожарска беа на Европското сениорско во Романија каде за Македонија постигнаа 19. место од 27 држави.

Тоа не е се. На 3 и 4 август, во пресрет на Светското првенство, градов е домаќин на Светскиот куп “Прилеп куп – Трофеј на Прилеп”,

Од категоријата

МАЛИ, А ЗЛАТНИ БРАЌА ОД ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(видео) ПРИЛЕП: НАЈАВЕН СПОРТСКИ НАСТАН ВО САЛАТА „МАКЕДОНИЈА“!

Зоран Иге

ТРИ ДРЖАВИ ВО БОРБА ЗА МЕДАЛИ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе