Моделарство

МАКЕДОНЦИТЕ СО НОВИ ПОЕНИ ЗА СВЕТСКАТА ЛИСТА

Македонските моделари даваат максимум на Спортскиот аеродром кај Прилеп на меѓународниот натпревар од спортското воздухопловно моделарство „Македонија светски куп“. Тие се вкупно дваесетина, а за ривали имаат уште толку пилоти од Бугарија и Србија. Според билтенот, во F-1-A (едрилици) за јуниори водечка е Викторија Пејкова од Бугарија, пред Лука Најдоски и Анастасија Пожарска од Македонија. Во сениорска конкуренција меѓу 21 учесник во предност пред другите е Андрија Пешиќ од Србија, Мирослав Мандичев од Бугарија и Ненад Баточанин од Србија. Најдобар Македонец е Димче Велкоски на 5. место. Во оваа категорија денеска има завршна борба за медалите. Во F-1-B (гуменици), кај јуниорите најуспешен е Видак Веселиновиќ од Србија, пред Александар Цветановски и Петар Цветановски од Македонија. Кај сениорите, прв е Бојан Гостојиќ од Србија, а веднаш до него Климент Масин од Македонија и најдобриот јуниор, Видак Веселиновиќ. Во F-1-C (клипеници) победник е Коста Стојановски од Македонија, во F-1-Q (електрични) Генко Петров од Бухарија, а во F-1-H (едрилици за јуниори) редоследот е: Даниел Пејков, Викторија Пејкова, двајцата од Бугарија, Дино Најдоски од Македонија.

Организацијата е на највисоко ниво, спред критериумите на ФАИ (Светската воздухопловна федерација) и ВФМ (Воздухопловната федерација на Македонија), а домаќин е клубот Фил феникс од Прилеп.

Од категоријата

БРАЌАТА НАЈДОСКИ ОД ПРИЛЕП СО ДВЕ ЗЛАТА И ВРЕДНО ЧЕТВРТО МЕСТО НА СВЕТСКИОТ КУП!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНЧЕТО ЛУКА СО СИТЕ СИЛИ КОН СВЕТСКИ МЕДАЛ: СО АВТОМОБИЛ ДО СЛОВАЧКА И БРЗО НАЗАД ДО УЧИЛИШТЕ!

Зоран Иге

И ХРВАТИ ДОАЃААТ ПО БОДОВИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе