Моделарство

(фото, видео) ПРИЛЕПСКА ТРКА СО 200 КМ. НА ЧАС – ТУРЧИН ПРВ, МАКЕДОНЕЦ ЧЕТВРТИ!

На теренот од стадионот „Могила“ во Прилеп беше Светскиот куп во летови со мултиротори (дронови), организиран од клубот Фил феникс и ВФМ (Воздухопловната федерација на Македонија), според календарот на ФАИ (Интернационалната воздухопловна федерација). Гледачите присутни на трибината или гледајќи преку директниот пренос на каналот на Јутјуб од Македонскиот олимписки комитет, беа сведоци на трки со неверојатни брзини и до околу 200 километри на час. Едноставно, дроновите наликуваа на брзи оси, управувани од пилотите.

Јутјуб-канал на МОК

 По дводневните натпревари, победник е Назим Тузун (Турција) пред Јуран Тиан (Кина), Давид Спачек (Чешка), а на високото четврто место е Бојан Ников (Македонија). Покрај натпреварувачи од Македонија (уште Александар Ников и Бошко Петрески), учесници беа и пилоти од Србија, Турција, Унгарија, Кина и Хрватска.

Од категоријата

МАКЕДОНЦИТЕ СО НОВИ ПОЕНИ ЗА СВЕТСКАТА ЛИСТА

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНЧЕТО ЛУКА ПОДОБРО ОД 37-МИНА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО!

Зоран Иге

ВО ПРИЛЕП БОРБА НА АМЕРИКАНЦИ ПРОТИВ КИНЕЗИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе