Моделарство

БРИТАНЕЦ И ГРК МУ ДАДОА НАЈВИСОКИ ОЦЕНКИ НА ПРИЛЕП!

Прилеп пет дена беше домаќин на Европското првенство во спортско воздухопловно моделарство, слободнолечетечки модели, во дисциплините Ф-1-А, Ф-1-Б и Ф-1-Ц. Организаторите, ФАИ (Интернационална воздухопловна федерација), ВФМ (Воздухопловна федерација на Македонија) и Воздухопловниот спортски клуб Фил феникс од Прилеп овозможија услови за 186 пилоти-моделари од 26 држави. Организациониот одбор, предводен од директорот Здравко Тодороски, сосема заслужено на крајот доби највисоки оценки од ФАИ-жирито со Јан Кејнс (В. Британија), Антонис Пападопулос (Грција) и Димко Спиркоски (Македонија). Поради големиот број учесници, наместо на Спортскиот аероидром кај Мало Коњари, Европското се одржа на поголем простор кај Веселчани.

Во најбројната дисциплина, Ф-1-А (едрилици) меѓу 79 учесници, по седум турнуси, шампион е Пер Финдал (Шведска), а на 11. место е нашиот Гоце Јосифовски од Кавадарци. Во женска конкуренција, меѓу пет натпреварувачки, прва е Тереза Восејпкова (Чешка), прилепчанката Симона Тошеска четврта. Екипно, прва е Словенија, а Македонија на 12. место. Во Ф-1-Б (гуменици) меѓу 69 пилоти златниот медал е за Бојан Гостојиќ (Србија), а најдобар Македонец е охриѓанецот Анастас Божинов на 39. место. Екипно, најдобра е Полска, додека Македонија на 18.место. Во Ф-1-Ц (мотор со внатрешно согорување), во борба меѓу 33 пилоти победи Гутје Брие (Франција), а нашиот Коста Стојановски од Скопје е 32. Екипно, Израел е прв, Македонија 14.

ИМАШЕ И СВЕТСКИ КУП

На Европското му претходеше дводневниот Светски куп „Трофеј на Прилеп“. Освен во вообичаените категории, имаше натпревари и во Ф-1-К и Ф-1-Х (едрилици за помлади пилоти). Во Ф-1-А Македонија има извонредни пласмани – кавадарчанецот Небојша Стошиќ прв, прилепчанката Анастасија Пожарска петта.

Традиционалниот Светски куп „Македонија куп“ ќе биде на 1 октомври.

НАЈДОСКИ – ПЕТТИ ВО СВЕТОТ

На Светското јуниорско првенство во Бугарија, во Ф-1-А петто место освои прилепчанецот Лука Најдоски. Секунди го делеле од медал. Меѓу 46 учесници се покажа и неговата клупска другарка Анастасија Пожарска, на 36. место со значајни бодови.

Најдобри беа претставниците од САД, Франција и Унгарија.

Од категоријата

БРАЌАТА НАЈДОСКИ ОД ПРИЛЕП СО ДВЕ ЗЛАТА И ВРЕДНО ЧЕТВРТО МЕСТО НА СВЕТСКИОТ КУП!

Зоран Иге

МЕЃУНАРОДЕН УСПЕХ НА ПРИЛЕПЧАНИТЕ

Зоран Иге

(ВИДЕО+ФОТО) ТУРЧИН КАКО ФОРМУЛА 1 ЛЕТАШЕ ДРОН ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе