Моделарство

ПРИЛЕПЧАНЧЕТО ЛУКА ПОДОБРО ОД 37-МИНА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО!

Општина Прилеп беше домаќин на врвно меѓународно натпреварување –Светското јуниорско првенство во воздухопловно моделарство во рамките на ФАИ – Светската воздухопловна федерација. На теренот кај Веселчани се случи голема борба за медалите во три категории – Ф1А, Ф1Б и Ф1Ц. Учесници беа 108 натпреварувачи од три континента – Европа (Македонија, Естонија, Унгарија, Германија, Чешка, Полска, Романија, Израел, Бугарија, Босна и Херцеговина, Франција, Словачка, Украина, Шведска, Полска), Северна Америка (САД), Азија (Кина, Монголија).

Во најмасовната категорија, Ф1А (едрилици) имаше 51 учесник, меѓу нив тројца претставници на Македонија, прилепчаните Лука Најдоски (на 14. место), Михаил Пожарски (на 28.) и Дино Најдоски (на 45.). Највисоките места и медалите ги освоија: Март Виљамае (Естонија), Кинга Шоке (Унгарија) и Јонас Адамец (Германија). Екипно Македонија е осма, а најдобрите три се Полска, Чешка и Германија.

Во категоријата Ф1Б ( ) беа 40 учесници. Претставникот на Македонија, охриѓанецот Петар Цветановски, го освои 10. место. Медалите во оваа категорија се за: Шалев Еврони (Израел),  Луисон Жакмин (Франција) и Кристијан Тутелеа (Романија). Екипно Македонија е 12. место, а најдобри се: САД, Франција и Чешка.  

Во категоријата Ф1Ц ( ) медалите се за: Јуангу Генг (Кина), Март Ваљамае (Естонија) и  Емрик Смит (САД). Екипно трите најдобри се: Кина, Романија и Естонија.

Од категоријата

МАЛИ, А ЗЛАТНИ БРАЌА ОД ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ТРИ ДРЖАВИ ВО БОРБА ЗА МЕДАЛИ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

ВО ПРИЛЕП БОРБА НА АМЕРИКАНЦИ ПРОТИВ КИНЕЗИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе