Моделарство

ДВАЈЦА БРАЌА ДВАПАТИ ПРЕД СИТЕ ВО ПРИЛЕП!

Отворениот меѓународен натпревар во воздухопловно моделарство во затворен простор „Феникс куп“во Прилеп го одбележаа браќата Иван и Никола Ѓеоргиевски, членови на клубот Сомбор од Србија. Иван е победник во двете дисциплини – Ф1Н (поголеми модели) и Ф1Н150 (помали модели), а Никола двапати втор. Во рангирањето кај јуниорите Никола е двапати прв. Интересно е што во двете дисциплини двапати трет е Игор Нишевиќ од Осијек, Хрватска. Станува збор за врвни спортисти. Според генералниот пласман во Светскиот куп, според ФАИ, во Ф1Н Нишевиќ е втор, Иван Ѓеоргиевски на четврто, Никола Ѓеоргиевски на 23. место.

На овој спортски настан во Спортската сала „Македонија“, во конкуренција на 40 претставници на Македонија, Србија и Хрватска, од домашните учесници најдобри пласмани имаат: Анастасија Пожарска (Феникс, Прилеп) на 11. место во Ф1Н, а Небојша Стошиќ (Нимбус, Кавадарци) на 13. место во Ф1Н150.

Наскоро може да се очекува и во овие дисциплини светски куп во Прилеп.

Од категоријата

МАЛИ, А ЗЛАТНИ БРАЌА ОД ПРИЛЕП!

Зоран Иге

И ХРВАТИ ДОАЃААТ ПО БОДОВИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ЗЛАТО ЗА АНАСТАСИЈА, ПРЕД ПЕЦЕ И ПЕТАР!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе