Во Куманово, Куманово – Прилеп 35:36, во 2. рунда од Супер-машката ракометна лига на Македонија. Во драматичен меч на крајот победоносниот гол го даде пивотот, Хрватот Томислав Квастек. Најистакнати стрелци: Кајо Винисиус 17, Давид Димевски 9 (Куманово) – Денис Шабановиќ 10, Пеце Рајатовски 8, Христи Бикоски 5 (Прилеп). Сега Прилеп има 4 бода од два меча. Во следното 3. коло е интересен натпревар за многу публика, Прилеп – Охрид.
Во 2. рунда од Супер-женската лига, В-група, Ѓорче Петров – Деспина 43:13. Домашните пресилни, како од времето кога имаа име Кометал. Екипата Деспина нема есенски бод. Во следната 3. рунда, Деспина – Спартак.