Фудбал

ПРИЛЕП: ДАДЕ 11 ГОЛА НА ДВА МЕЧА ПРЕД 15 ГОДИНИ, А И СЕГА Е ЕМ ИГРАЧ, ЕМ ВО УПРАВАТА НА КОРЗО!

Можеби кога ќе се спомне Деан Ристески за многумина прилепчани нема ништо да им значи бидејќи во градот има голем број со такво име, особено со тоа презиме, но ако се појасни дека станува збор за Деан Бонбончето, тогаш сосема јасно е дека се работи за фудбалерот кој игра и на 41 година. Моментално е член на Корзо, каде не е само играч и капитен, ами и еден од водечките луѓе, во управата.

– Ние, четворица другари – јас, Ристе Ристески, Драган Ташкоски и Мики Ристески, лани повторно, по долги 10 години, го обновивме клубот Корзо. Сложно се бориме да опстои клубот, даваме пари од свој џеб, патуваме со свои возила, играме од срце – вели Деан.

Новото првенство од Општинската лига А-група е пред есенскиот старт. Во рамките на 1. коло, утре (недела)  во 10 часот, во Ерековци, Корзо е гостин на Стрела.

– Претстои тежок меч. Во играчкиот кадар имаме петмина нови. Наш адут е големата слога во клубот. По секој натпревар, без оглед на исходот, имаме прекрасна дружба.

Околу кариерата на Деан може да се наведат повеќе клубови за кои претходно има настапувано, како Братство Големо Коњари, Галичани, Тризла, Големо Коњари, Млекар Мало Коњари. За Млекар има одлична голгетерска сезона 2008/09 во Квалитетната лига на ОФС Прилеп. Го чува написот „Деан Ристески постигна 11 гола на два меча!“ во весникот „Зенит“ од 17 април 2009 година. Головите се против Динамо Мажичиште 5 и со Воѓани 6.

– Одамна беше, од голгетерските времиња. Но, не се предавам, играм и на 41 година, се борам да има спорт, фудбал во Прилеп – заврши Деан Ристески – Бонбончето.

Од категоријата

(видео) НАЈАВА ОД ЅВЕЗДА: ПЛАНОТ Е УЧЕСТВО ВО ТРЕТАТА ЛИГА!

Зоран Иге

НОВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ?

Зоран Иге

ОД ПОБЕДА ОДИ НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе