Викендов љубителите на фудбалот од Прилеп и околината ќе имаат избор за гледање на вкупно 10 меча од сениорската конкуренција во три натпреварувачки ранга.
ВТОРА ЛИГА
Во Втората фудбалска лига на Македонија е 6. рунда. В сабота (14 ч.) на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп е мечот Победа – Охрид.
Двојки 6. коло (28 септември во 14 часот): Победа – Охрид, Вардар Н. – Башкими, Новаци – Беласица, Саса – Арсими, Вардарски – Македонија ЃП, Осогово – Борец, Скопје – Брегалница, Кожуф – Детонит.
Табела: Брегалница 13, Арсими 12, Македонија ЃП и Кожуф 11, Башкими 10 и Детонит 10, Новаци 7, Скопје 6, Саса 5, Победа, Вардар Н., Охрид и Беласица 4, Борец 3, Вардарски и Осогово 2.
ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ
Во Третата лига – Југ се игра 4. коло. Во тие рамки на домашен терен низ Прилепско се три меча. Еден е во Прилеп, другите во Обршани и Кривогаштани.
Двојки 4. коло (29 септември во 15 часот): Ултрас – Башкими (игралиште со вештачка трева во Прилеп), Обршани – Питу Гули (во Обршани), Младост – Влазними јуниор (во Кривогаштани). Други мечеви: Превалец – Слога, Венец – Големо Коњари, Росоман – Дреново, Бучин слободен.
Табела: Венец и Башкими 7, Големо Коњари и Ултрас 6, Слога, Питу Гули, Дреново и Превалец 4, Влазними јуниор и Росоман 3, Младост и Бучин 1, Обршани 0.
ОПШТИНСКИ ЛИГИ
Во општинските лиги на ОФС Прилеп се игра 2. рунда. Има натпревари на шест места.
Двојки од А-група (в недела од 10 часот): Корзо – Прилеп сити (игралиште кај Могилата во Прилеп), Напредок – Стрела (во Крушеани), Млекар – Кадица (во Мало Коњари).
Двојки од Б-група (в недела од 10 часот): Гарван – Пролетер (во Десово), Боротино – Братство (во Боротино), Динамо – Црвена ѕвезда (во Мажучиште).
СУПЕР ЛИГА ЗА МЛАДИ
Викендов се игра 4. коло од Супер лигата на Македонија за млади категории фудбалери. Екипите на Победа за ривали ги имаат врсниците од скопско Шкупи. В сабота се два меча на теренот со вештачка трева во Прилеп. Од 10 часот настапуваат кадетските екипи, од 12 часот младинските.
Дуелите на помладите и постарите пионери се в недела во Скопје.