Фудбал

ПРЕТСТОИ ПРИЛЕПСКОТО ГРАДСКО ДЕРБИ НА ЛУТИТЕ РИВАЛИ!

И во општинските фудбалски лиги од ОФС Прилеп има интересни мечеви за публиката. Така в недела (10 ч.) на игралиштето кај Могилата во Прилеп е градското дерби Корзо – Прилеп сити, од 2. рунда на А-групата. И двете екипи одат на прва есенска победа. Тренер на домашните е Драган Ташкоски, на гостите Коста Мирчески. За почит се највозрасните играчи – домашниот Деан Ристески – Бонбончето (41 година) и гостинскиот Даниел Атанасоски (40 години). И двата тима како домаќини играат на истиот терен, одлично се познаваат, па се очекува фер игра. Пролетоска, на последното дерби, беше нерешено 2:2.

Двојки од А-група (в недела од 10 часот): Корзо – Прилеп сити (игралиште кај Могилата во Прилеп), Напредок – Стрела (во Крушеани), Млекар – Кадица (во Мало Коњари).

Двојки од Б-група (в недела од 10 часот): Гарван – Пролетер (во Десово), Боротино – Братство (во Боротино), Динамо – Црвена ѕвезда (во Мажучиште).

Од категоријата

КАПИТЕНОТ БАРА „ТРЕСЕЊЕ“ НА ТРИБИНИТЕ!

Зоран Иге

ПОБЕДА ПОЧНУВА ДОМА СО НОВАЦИ

Зоран Иге

ДЕНЕШНИОТ Е ПОСЛЕДЕН ДЕН ПО ГРУПИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе