Фудбал

НА СТАДИОНОТ ВО ПРИЛЕП УТРЕ ЕДЕН ЧАС ПОРАНО!

Утре (сабота) се очекува голем интерес за мечот Победа – Новаци, од 9. рунда на Втората фудбалска лига на Македонија. Започнува час порано во споредба со претходното коло (13 часот). Очекувањата за многу публика се поради повеќе причини, пред се да се види како ќе функционира Победа со новиот тренер Стојанче Дунимаглоски, дали ќе биде продолжен успешниот од по минатонеделниот триумф врз неготински Вардар во Струмица, а интересен е и гостинскиот тим пласиран четири места погоре на табелата и предводен од Дарко Крстески, поранешен капитен и тренер на Победа, а треба да се има предвид дека во Новаци стопер е прилепчанецот Андреј Петкоски.

ДВОЈКИ 9. КОЛО (сабота, 26 октомври во 13 часот): Победа – Новаци, Брегалница – Вардар Н., Борец – Детонит, Македонија ЃП – Кожуф, Арсими – Скопје, Беласица – Осогово, Охрид – Вардарски, Башкими – Саса.

ТАБЕЛА: Македонија ЃП 19, Арсими и Брегалница 18, Башкими 17, Кожуф 15, Детонит и Охрид 13, Новаци 11, Беласица и Саса 9, Скопје 8, Победа 7, Вардар Н. и Осогово 5, Борец 4, Вардарски 2.

 

Од категоријата

СТАРТ НА 10 СЕПТЕМВРИ?

Зоран Иге

НЕ ГО ОПРАВДАА ВТОРОТО МЕСТО: ПРИМИЈА ПЕТ ГОЛА ВО КОЊАРИ!

Зоран Иге

УШТЕ ИМА ФУДБАЛ: В НЕДЕЛА СЕ ДОДЕЛУВА ПЕХАР ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе