Фудбал

ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА: УШТЕ ДВАЈЦА НОВИ СО ИСТО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ!

Зарем е можно? Малку е што се најдоа во ист тим (прилепска Победа) неколкумина со исто презиме (како Мартин и Никола Талески), од стартот на овогодишната второлигашка сезона беа и двајца со исто име и презиме (Стефан М. Спиркоски и Стефан П. Спиркоски), а на денешното гостување во Каменица во записникот се запишаа уште двајца други со исто име и презиме (Давид А. Паскоски и Давид Н. Паскоски). За нивно разликување се пишуваат и првите букви од имињата на нивните родители.

Во врска со Стефан М. Спиркоски и Стефан П. Спиркоски веќе е познато дека првиот има 25 години, а вториот 18 години. Вторите двајца со исто презиме се на иста возраст – и Давид А. Паскоски има 16 години и Давид Н. Паскоски исто има 16 години, со таа разлика што првиот е роден 2007 година, а вториот во 2008 година.

Следен меч за Победа е в сабота во 13 часот, дома со Вардарски.

Од категоријата

ОВАА ПОБЕДА ТОЛКУ МОЖЕШЕ ВО СТРУГА

Зоран Иге

(аудио) НИКОЛОСКИ: КОГА СЕ РАБОТИ ЗА ПОБЕДА, ПРОРАБОТУВААТ ЕМОЦИИТЕ!

Зоран Иге

ЕУФОРИЈА ЗА СЕКОЈ ПЕХАР ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе