Екипата Мега баскет со 83:78 го совлада скопско Работнички 2018, во 5. коло од Втората кошаркарска лига на Македонија. Во салата на ООУ „Добре Јованоски“ интересен, драматичен меч, со пресврти. Во почетокот водеше Мега баскет, потоа долг период играта ја презеде Работнички 2018 со 12 поени разлика. Во вториот дел пресврт во полза на домаќинот, а при нерешен резултат 78:78, прво тројка постигна Давид Нешиќ, потоа два поени од слободни фрлања даде Кристијан Петровски за конечни 83:78. Резултати по четвртини: 13:14, 14:22, 29:20, 27:22.
Во отсуство на повредениот Стефан Стевананџија, капитен кај домашните беше Благој Велески, кој постигна најмногу за својот тим – 25 поени. Исто толку има и гостинскиот играч Ѓорѓи Цветковски.
МЕГА БАСКЕТ: Кочовски, Јаневски 20, Нешиќ 8, Стевановски 8, Здравески, Велески 25, Петровски 7, Настески 11, Домлески 4, Стојановски, Чакревски, Филипоски. Тренер: Мико Голубовиќ.
РАБОТНИЧКИ 2018: Димковски, Костов, Трајковиќ 21, Јосковски, Павловски 2, Нешовиќ 15, Давитковски, Сотировски, Стојановски, Ванчов 15, Цветковски 25, Антовски. Тренер: Оливер Тасков.
РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО: Мега баскет – Работнички 83:78, Охрид – МЗТ Уни банка, Борец – Водно, Маџари – Соколи 81:96, Ангели – Академија ФМП 79:55, Бутел – Црн Дрим 64:73.
ТАБЕЛА: Соколи, Ангели и Црн Дрим 9, Маџари и Мега баскет 8, Борец и Бутел 7, МЗТ Уни банка 6 и Работнички 6, Водно 5, Охрид и Академија ФМП 5.
СЛЕДНО 6. КОЛО (16 ноември): Бутел – Мега баскет, Работнички 2018 – Борец, Црн Дрим – Академија ФМП, Водно – Охрид, МЗТ Уни банка – Маџари, Соколи – Ангели.