Два гола се постигнати во воведниот дел од мечот во Кочани. Во 8. минута стрелец за Победа беше Матеј Ѓурчиновски со удар од 20 метри. Во тој момент Осогово – Победа 0:1. Почеток според очекувањата, според фаворитската улога на прилепскиот тим.
Меѓутоа, предмалку гол постигна и Осогово, преку Даут Даути. Според прилепскиот табор, акцијата била по сомнителна ситуација за офсајд-позиција. Но, како и да е, моментно во Кочани е 1:1.