Фудбал

ПРИЛЕП: ТРИ ГОЛА ВО ЕДНА МИНУТА!

Втор есенски триумф на екипата Победа. Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп Победа – Каршијака 6:4, во 5. коло од Втората футсал-лига на Македонија. Најинтересна беше 14. минута, кога се постигнаа дури три гола. Стрелци: Андреј Паскоски 4., Стефан П. Спиркоски 14., 14., Кристи Крајоски 15., 29., 40. (Победа), Нехат Емини 14., 18., Хамза Садики 23., Џунејт Абдулаи 39. (Каршијака). Вториот гол на Стефан П. Спиркоски и третиот на Кристи Крајоски се постигнати од пенали, од 10 метри.

ПОБЕДА: Раифоски, Јолески, Н. Трајкоски, Барлески, Каришик, Марковски, А. Паскоски, С. П. Спиркоски, Николоски, Митрикески, Османоски, Крајоски. Претставник: Никола Трајкоски.

КАРШИЈАКА: Лимај, Емини, Е. Мемеди, Ќани, Куртиши, Садики, Абдулаи, А. Мемеди, Адеми. Претставник: Зуфер Исени.    

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО: Победа – Каршијака 6:4, Скопје – Енхалон 7:0, Мал Ајакс – Университи 4:3, Кораби – Овче Поле 4:2, Кратово – Карадаку 15:4, Партизан – Балкан вечерва.

ТАБЕЛА: Мал Ајакс 15, Кораби 12, Балкан и Овче Поле 9, Партизан, Университи, Скопје, Победа, Каршијака и Енхалон 6, Кратово и Конзули 3, Карадаку 0.

СЛЕДНО 6. КОЛО: Енхалон – Победа, Балкан – Кратово, Овче Поле – Партизан, Университи – Кораби, Каршијака – Мал Ајакс, Конзули – Скопје.

 

Од категоријата

ДАНОСКИ СО РАДНИК ГО СТРЕСЕ ПАРТИЗАН ВО БЕЛГРАД!

Зоран Иге

(фото, состави, стрелци) ДЕСЕТ ГОЛА И ТРИ ОДБРАНЕТИ ПЕНАЛИ!

Зоран Иге

КОЈ Е НОВИОТ ФУДБАЛЕР ВО ПОСЕТА НА ПОБЕДА?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе