Фудбал

СТАДИОН ВО ПРИЛЕП: ДЕВОЈКА ОД 14 ГОДИНИ ДАДЕ ПОБЕДОНОСЕН ГОЛ!

Ретко се случува женски фудбал на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, како што е мечот Цевитана (Прилеп) – Фудбал старс (Кочани), во 6. коло од Младинската женска лига на Македонија.  Според извештајот, победата е за прилепскиот тим со 1:0, а стрелец е 14-годишната Душица Лазароска во 33. минута. Интересно е што во двата тима нема повозрасна од 16 години, а најмалите се на 14. За екипата Цевитана, чиј тренер е Катерина Милеска, ова е втора есенска победа на петтиот настап. За овој тим нема многу одмор, бидејќи денеска (вторник) од 13 часот на теренот со вешташка трева во Прилеп го игра мечот од 4. коло со Ас јунајтед од Струга.

ЦЕВИТАНА: Конеска, Богојовска, Милошеска, Илиевска, Богојевска, Димитриовска, Лазароска, Огненоска, Аљакоска,  А. Јованоска, Бардакоска.

ФУДБАЛ СТАРС: Георгиева, М. Ѓоргиева, Јосифова, Здравкова, Велиновска, Иванова, Ангелкова, Мијалова, Коцева, С. Ѓоргиева, Николовска.

ТАБЕЛА: Скопје 18, Ас јунајтед 15, Речица 13, Саса, Брера и Билјанини Извори 10, Атлетико и Кочани 9, Топ гол и Истатов 7, Цевитана 6, Љуботен 3, Победа Валандово и Фудбал старс 0.

 


    СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО: ПОРАЧКИ НА СИТЕ ВИДОВИ И МОДЕЛИ НА ИКОНИ НА

                                                                    076 502 403

Од категоријата

ГОЛМАНСКИ ПОДВИГ ВО ПРИЛЕП: ИСТРЧА ДО ЦЕНТАР И СПРЕЧИ ЧИСТ ГОЛ

Зоран Иге

ПОБЕДА ДЕВЕТ ГОЛА ДАЛЕКУ ОД ФИНАЛЕТО!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ПОБЕДА: ВРЕДЕН ГОЛ НА НЕНАД КУЗМАНОСКИ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе