Дербито на 11. коло од Третата лига – Југ беше во Росоман: Росоман – Младост 2:1, третиот против вториот на табелата. Гостите поведоа со голот на Антонио Димоски во 21. минута, а потоа настана пресврт. По головите на Христијан Атанасов во 51. и Желимир Трикиќ во 59. минута, Росоман победи со 2:1 и покрај тоа што по 71. минута одигра без исклучениот Бојан Миланов.
РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО: Дреново – Превалец 1:1 (Армен Мемедов – Маријан Здравевски), Питу Гули – Влазними јуниор 2:0 (Беким Алимоски 2), Слога – Башкими 3:1 (Емир Каришиќ, Шабан Мухамед Машовиќ, Адмир Угљанин – Емир Каришиќ автогол), Венец – Ултрас 2:4 (Жарко Донев, Дане Митрев – Бобан Тошески 3, Даниел Богојевски), Росоман – Младост 2:1 (Христијан Атанасов, Желимир Трикиќ – Антонио Димоски), Обршани – Бучин 0:3 (службено), Големо Коњари слободно.
ТАБЕЛА: Големо Коњари 25, Росоман 20, Младост и Ултрас 17, Башкими и Превалец 16, Венец и Питу Гули 15, Дреново 14, Бучин 13, Влазними јуниор и Слога 7.
СЛЕДНО 12. КОЛО (24 ноември во 13 часот): Превалец – Младост, Бучин – Росоман, Башкими – Венец, Влазними јуниор – Големо Коњари, Дреново – Питу Гули, Ултрас – Обршани 3:0 (службено), Слога слободна.
—————————————————-
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО – ПОРАЧКИ НА СИТЕ ИКОНИ 076 502 403