Фудбал

(резултати, состави, стрелци) ГОЛОВИ ПО 83. МИНУТА ВО ПРИЛЕП, СРЕЌА ЗА БРЕГАЛНИЦА ВО СТРУМИЦА И ЗА ДЕТОНИТ ВО ОХРИД!

Три гостински победи се постигнати денеска во 13. коло од Втората фудбалска лига на Македонија. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп Победа – Скопје 0:2. Двата гола се постигнати во финишот, преку играчи со исто име. Стрелци: Христијан Коцев 83. и Христијан Кировски 91. минута.

ПОБЕДА: Столевски, М. Талески, Ивчески, Ѓурчиновски, Д. Дебрешлиоски (71. Ристов), Табаковиќ (62. Арифи), Јошески, Кукески (93. Крајоски), Кофиловски, Да. Спиркоски (62. Д. Шаркоски), Богевски. Тренер: Стојанче Дунимаглоски.

СКОПЈЕ: Игески, Османовиќ, Шуку, Тасевски, Жоглев (76. Кировски), Дани (64. Горгиовски), Јанакиевски, Мицевски, Коцев, Најдоски, Кулуковски (86. Митревски). Тренер: Љупчо Марковски.

Во Струмица, Беласица – Брегалница 0:1, со голот на Зоран Ивановски во 34. минута, а во Охрид, Охрид – Детонит 1:3, по головите на Наумче Бакрачески во 60. за домашните, а на Иван Настевски во 11. и 74. и на Анџело Николовски во 38. минута за гостите.

РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО: Победа – Скопје 0:2, Македонија ЃП – Вардар Н. 5:0, Арсими – Борец 1:0, Беласица – Брегалница 0:1, Охрид – Детонит 1:3, Башкими – Кожуф 1:0, Новаци – Осогово 5:0, Саса – Вардарски 5:1.

ТАБЕЛА: Македонија ЃП 32, Брегалница 30, Башкими 29, Арсими 26, Охрид, Детонит и Саса 21, Кожуф 18, Новаци 17, Беласица и Скопје 16, Победа 13, Вардар Н. 11, Осогово 8, Борец 5, Вардарски 2.

СЛЕДНО 14. КОЛО (30 ноември во 13 часот): Кожуф – Победа, Вардар Н. – Вардарски, Осогово – Саса, Скопје – Новаци, Детонит – Башкими, Брегалница – Охрид, Борец – Беласица, Македонија ЃП – Арсими.

———————————

      СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО: ПОРАЧКИ НА СИТЕ ИКОНИ НА

      076 502 403

Од категоријата

КОЈ ЌЕ ИМА ДЕВЕТ БОДА ПО 17 ЧАСОТ?

Зоран Иге

ПРИЛЕП: ФУДБАЛ НА МОГИЛА И НА ВЕШТАЧКА!

Зоран Иге

КАНАТЛАРЦИ ПОБЕДИ, ГАРВАН НЕ ИЗДРЖА СО ПОВРЕДЕН ГОЛМАН!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе