Фудбал

СОСЕДСКО ДЕРБИ ВО ПРИЛЕП: ОД МИНУС 3 ДО ПОБЕДОНОСЕН ГОЛ ВО ПОСЛЕДНАТА МИНУТА!

Во рамките на 7. рунда од Втората футсал-лига на Македонија, се одигра соседското пелагониско дерби, Победа (Прилеп) – Конзули (Битола) 7:6. И самиот конечен резултат покажува за каков интересен меч станува збор. Всушност, се работи за голем пресврт. Битолскот тим поведе со 6:3, а прилепскиот успеа да стигне до 7:6. Вистинска драма, во која последниот победоносен гол е постигнат во последната 40. минута, преку домашниот капитен Никола Трајкоски. Стрелци: Кристи Крајоски 1, Нермин Каришик 2, Никола Трајкоски 4 (Победа) – Виктор Гелевски 2, Климент Гиновски 2, Филип Тасевски 1, Петар Крцоски 1 (Конзули).

ПОБЕДА: Раифоски, Миновски, Трајкоски, Османоски, Крајоски – Барлески, Јолески, Митрески, Здравески, Митрикески, Каришик. Тренер: Никола Трајкоски.

КОНЗУЛИ: Јакопетревски, Тасевски, Бончаноски, Крцоски, Гиновски – Петковски, Јовановски, Мицески, Гелевски. Тренер: Наумче Љамчески.

РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО: Победа – Конзули 7:6, Мал Ајакс – Енхалон неодигран, Кораби – Каршијака 3:3, Партизан – Университи 6:5, Кратово – Овче Поле 6:2, Карадаку – Балкан 3:7.

ТАБЕЛА: Балкан 18, Мал Ајакс 16, Кораби 13, Овче Поле 12, Каршијака и Енхалон 10, Университи, Партизан и Победа 9, Скопје, Кратово и Конзули 6, Карадаку 0.

СЛЕДНО 8. КОЛО (30 ноември/1 декември): Скопје – Победа, Овче Поле – Карадаку, Университи – Кратово, Каршијака – Партизан, Енхалон – Кораби, Конзули – Мал Ајакс.   

 

СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО: ПОРАЧКИ НА СИТЕ ВИДОВИ ИКОНИ

НА 076 502 403

 

 

Од категоријата

И ПЕТТИ ГОЛ ВО КАМЕНИЦА НА МЕЧОТ САСА – ПОБЕДА!

Зоран Иге

МЕЧОТ Е ПРЕМЕСТЕН ЗА В ЧЕТВРТОК!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: ДАЛИ ПРЕТСТОЈНИОВ ВИКЕНД ЌЕ БИДЕ ПРАЗЕН ЗА ПОБЕДА?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе