Пинг-понг

ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ СО „АМЕРИКАНЕЦОТ“ И ВТОРИОТ СРБИН СТАНА ОД СИЛЕН – ПОСИЛЕН!

Според очекувањата, прилепскиот тим Младост 96 постигна уште две победи и есенскиот дел од Супер лигата го заврши со максимален број бодови – 18. Всушност, екипата е од силна – посилна, со враќањето од Соединетите Американски Држави на штипјанецот Петар Костовски и со доведувањето на вториот Србин, Влада Борчиќ, брат на Ѓорѓе Борчиќ. Во 8. коло Младост 96 со 4:0 го совлада струмичкиот Астраион, преку добиените партии на Србинот Влада Борчиќ, Петар Костовски и две на Антонио Стомнароски. Во 9. коло, Младост 96 пак со 4:0 подобар, овојпат од  скопскиот Вардар. Две партии доби Влада Борчиќ, по една Петар Костовски и Антонио Стомнароски.

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО: Вардар – Младост 4:0, Крива Паланка – Берово 4:1, Шампион ФА – Телеком нец 2 – 3:4, Пелагонија – Радовиш 2:4, Астраион – Младост 96 – 0:4.

КОЛО 9.: Младост 96 – Вардар 4:0, Радовиш – Астраион 2:4, Телеком нец 2 – Пелагонија 4:3, Берово – Шампион ФА 1:4, Младост – Крива Паланка 0:4.

ТАБЕЛА: Младост 96 – 18, Крива Паланка и Телеком нец 2 по 16, Шампион ФА и Астраион 15, Пелагонија, Радовиш и Вардар 12, Берово 10, Младост 7.

Напролет ќе се одиграат уште девет кола од основниот дел на Супер лигата.

 

СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО: ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, БЛАГОСЛОВИ И МОЛИТВИ

НА 076 502 403

 

Од категоријата

(фото) СКОПЈАНИТЕ СОВЛАДАНИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(фото) ТРЕНИНГ ПРЕКИНАТ ПОРАДИ ПОПЛАВЕНА САЛА!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ НА ПАТ КОН ФИНАЛЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе