Шах

ПРИЛЕПЧАНИТЕ БЕЗ НИЕДЕН ПОРАЗ ДОСЕГА ВО БЕЛГРАД!

Одлична игра досега на двајцата прилепчани, единствени претставници на Македонија во Брелград, на 37. издание на престижниот шаховски „Трофеј на Белград“. Досега, на одиграните 5 кола, и велемајсторот Звонко Станојоски и фидемајсторот Роберт Велески немаат пораз.

На одиграните пет кола, ФМ Станојоски постигна четири победи (против Јасасви Кришна Боми од Индија, Батор Жамбалов од Русија, ВМ Светлана Прудникова од Србија, Александрос Лефтериотис од Грција), еднаш ремизира (со ИМ Бо Ли од Кина), а ФМ Велески постигна две победи (против Љубиша Маслар и Никола Миланко од Србија), трипати ремизира (со Стефан Тасковиќ и ФМ Драган Мариќ од Србија и Јунхе Лианг од Кина). На денешното 6. коло ФМ Станојоски игра со ФМ Иван Мартиќ од Србија, а ФМ Велески со Хаолинг Лиу од Кина.

Турнирот на кој учествуваат 166 шахисти од 22 држави завршува в недела, на 1 декември.

 

СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО: ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ…

СЕ ЗА ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…

НА 076 502 403

 

Од категоријата

ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ СТАНА ПРВОЛИГАШ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНЕЦ ПОДОБАР ОД 151 УЧЕСНИК!

Зоран Иге

НОВ УСПЕХ НА ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ СТАНОЈОСКИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе