Утре (сабота) од 13 часот се мечевите од последното, 15. есенско коло на Втората фудбалска лига на Македонија, во чии рамки и Победа – Детонит. За овој меч интересно е што на голот од Победа ќе има нов голман по долги 12 месеци. Во овој период голот на прилепскиот тим успешно го чуваше младиот 22-годишен капитен Антонио Столевски. Тој не информира дека е повреден и на утрешниот меч нема да настапи. Не е лесно да се најде податок кога последен пат на првенствен меч тој не бранел. Тоа се случи на 9 декември 2023 година, на натпреварот Беса – Победа, кога голман беше Иван Николоски. Во оваа нова ситуација, за среќа, кандидат за голман е 20-годишниот талентиран Антонио Шемкоски, кој имаше можност да брани само на Куп-натпреварот со Гостивар во Скопје, на 2 октомври. Тој, на последното гостување во Гевгелија на Кожуф, беше резерва.
ДВОЈКИ 15. КОЛО (сабота, 7 декември, 13 часот): Победа – Детонит, Арсими – Вардар Н., Беласица – Македонија ЃП, Охрид – Борец, Башкими – Брегалница, Новаци – Кожуф, Саса – Скопје, Вардарски – Осогово.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 35, Брегалница 33, Башкими 29, Арсими 26, Детонит и Саса 24, Охрид и Кожуф 21, Беласица и Скопје 19, Новаци 17, Вардар Н. 14, Победа 13, Осогово 8, Борец 5, Вардарски 2.