Два прекина се случија денеска во 13. коло, последно есенско коло од Третата лига – Југ. Во Големо Коњари, Големо Коњари – Дреново 2:1, прекин во 59. минута. Во записникот пишува: „Во 59. минута од натпреварот настана прекин поради физички напад врз главниот судија. Дополнително ќе следуваат изјави од делегатот и од судиите.“ И во Лажани, Слога – Влазними јуниор 1:1, прекин во 46. mинута. Во записникот пишува: „ На полувреме претставникот на гостинската екипа побара идентификација за домашниот играч со број 1, побаравме од домашната екипа играчот да се појави. Претставникот на домашната екипа не извести дека одма по завршувањето на првото полувреме му се слоши и со кола го однеле в болница. Поради тоа гостинската екипа изјави дека не сака да го продолжи натпреварот со стекнат резултат 1:1 до полувреме. Гостинската екипа најавува жалба.“ Од другите мечеви може да се издвои триумфот на Ултрас со 3:2 во Росоман. Играч на мечот е Игор Паноски, бивш фудбалер на Победа, кој со хет-трик ја донесе победата на прилепскиот тим.
РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО: Питу Гули – Превалец 1:2 (Александар Неделкоски – Ангел Гаштев, Љупче Стефановски), Големо Коњари – Дреново 2:1 (Михо Андреевски, Мустафа Селманоски – Армен Мемедов, прекин во 59. минута), Слога – Влазними јуниор 1:1 (Нермин Каришик – Мерсин Мемедоски, прекин во 46. минута), Росоман – Ултрас 2:3 (Драган Митров, Кристијан Јованов – Игор Паноски 3), Младост – Бучин 2:1 (Жарко Јанчески, Александар Стојаноски – Бојан Мицески), Башкими – Обршани 3:0 (службено), Венец слободен.
ТАБЕЛА: Големо Коњари и Башкими 25, Ултрас, Младост и Росоман 20, Венец 18, Питу Гули и Бучин 16, Дреново 11, Влазними јуниор 10, Слога 4.
СЛЕДНО 14. КОЛО (напролет): Превалец – Бучин, Младост – Ултрас, Росоман – Башкими, Венец – Влазними јуниор, Слога – Дреново, Големо Коњари – Питу Гули.
ДОСТАВА НА ДОМАШНА АДРЕСА
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ…
СЕ ЗА ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403