Фудбал

(видео, фото) НИГДЕ НИ БИЛО НИ ЌЕ БИДЕ, ОСВЕН ВО ПРИЛЕП – 36 ПЕНАЛИ НА ЕДЕН МЕЧ!

Не е никакво чудо што салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп е преполна со гледачи за цело време на традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“. Тука има возбудувања, акции, голови, борба. А тука има и нешто што никаде на друго место не е видено. Нигде ни било ни ќе биде, освен во Прилеп. За да се добие победник, полуфиналист, на мечот Хајв кафе/Теа Андреа – Фенербахче беа изведени дури 36 пенали, откако во основниот дел беше 0:0. На крајот, во последната 18 серија, прво пенал одбрани голманот Антонио Столевски од Победа, а гол постигна играчот кој од пенал е невозможно да промаши, Јорданчо Наумоски од Пелистер, така што конечниот резултат е 11:10 за Хајв кафе/Теа Андреа.

РЕЗУЛТАТИ ОД СЕНИОРИ, ЧЕТВРТФИНАЛЕ:

Фасада Чајник (Битола) – АСП Пак (Охрид) 2:2 (5:6 на пенали)

Давид Коруноски (Прилеп) – Могила (Битола) 2:0

Хајв кафе/Теа Андреа (Прилеп) – Фенербахче (Кичево) 0:0 (11:10 на пенали)

Гостилница „Кај џек“ (Скопје) – Андринико (Скопје) 5:2.

РАСПОРЕД ЗА ВЕЧЕРВА (САБОТА), СЕНИОРИ, ПОЛУФИНАЛЕ:

19:00 Хајв кафе/Теа Андреа (Прилеп) –  Гостилница „Кај џек“ (Скопје)

21:00 АСП Пак (Охрид) – Давид Коруноски (Прилеп)

ВИДЕО:

ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА

СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО

ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…

СЕ ЗА ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…

НА 076 502 403

Од категоријата

(фото) НАШ ПРИЛЕПЧАНЕЦ НА КАФЕ КАЈ СЕРЖ ГНАБРИ ОД БАЕРН!

Зоран Иге

КОИ ИЗМЕНИ ВО ПОБЕДА ЗА УТРЕ?

Зоран Иге

ПОБЕДА: ВЧЕРА ГОСТИВАР, В НЕДЕЛА ПАК – ГОСТИВАР!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе