Да беше најголемата прилепска сала „Македонија“ ќе се преполнеше, а камоли салата во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, каде вечерва е последниот ден од традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“. Прилепчаните премногу го сакаат фудбалот, трибината веднаш се полни и сите што имаат намера да ги гледаат завршните дуели во борба за медалите и пехарот ќе мора побргу да купат билети и да ги заземат своите места на трибината.
А има што да се види, бидејќи играат врвни мајстори на малиот фудбал. Така беше и синоќа, на полуфиналните мечеви. Прво се случи изненадување, победата на скопскиот тим Гостилница „Кај џек“ со 2:0 врз прилепскиот Хајв кафе/Теа Андреа. Минатогодишниот победник, за кого настапуваат познати фудбалери од големиот фудбал, не успеа да влезе во финалето.
ХАЈВ КАФЕ/ТЕА АНДРЕА: Антонио Столевски, Мартин Никовиќ, Давид Јошески, Марјан Ристовски, Дарко Илиески, Марио Наумоски, Димитар Чоков, Јорданчо Наумоски, Дарко Анѓелески, Благоја Спиркоски.
ГОСТИЛНИЦА „КАЈ ЏЕК“: Мирко Соколов, Андреј Јаневски, Михаило Митров, Стефан Димовски, Бојан Јанев, Никола Стојановски, Никола Димевски, Никола Анчевски, Марио Богоевски, Димитар Јанев.
На вториот полуфинален сениорски дуел, АСП Пак – Давид Коруноски 4:2. На охридскиот тим не му беше лесно се до финишот, кога беше разврската. Од овој меч може да се издвои четвртиот гол на АСП Пак, постигнат со глава. При акцијата интересно е што по силното фрлање на голманот со рака до противничкиот гол, асистенцијата веднаш беше со глава одлево кон десно, а и ударот во мрежата беше со глава.
АСП ПАК: Мишо Ѓорѓиовски, Дејан Милошевски, Шенол Меди, Нико Пластиновски, Никола Угриноски, Стефан Петрушевски, Никола Секулоски, Наум Таулоски, Кристијан Петкоски, Боге Бимбиловски.
ДАВИД КОРУНОСКИ: Андреј Паскоски, Васко Петкоски, Филип Миовски, Бојан Мицески, Ѓорѓи Ѓорѓиоски, Игор Шеќероски, Слободан Давков, Мартин Гелевски, Унча Бојаџиески, Христијан Поп-Антоски.
РЕЗУЛТАТИ СЕНИОРИ, ПОЛУФИНАЛЕ:
Хајв кафе/Теа Андреа (Прилеп) – Гостилница „Кај џек“ (Скопје) 0:2
АСП Пак (Охрид) – Давид Коруноски (Прилеп) 4:2
РЕЗУЛТАТИ ПИОНЕРИ:
2016 ЗА 3. МЕСТО: Тони – Вондеркидс 3:0
2016 ФИНАЛЕ: Перак – Еврогол 1:0
2014 ЗА 3. МЕСТО: Перак – Тони 1:0
2014 ФИНАЛЕ: Пелистер – Талент БТ 2:0
2013 ЗА 3. МЕСТО: Талент БТ – Перак 1:0
2013 ФИНАЛЕ: Тони – Пелистер 4:2.
РАСПОРЕД ЗА ВЕЧЕРВА, СЕНИОРИ:
ЗА 3. МЕСТО 19,00: Хајв кафе/Теа Андреа (Прилеп) – Давид Коруноски (Прилеп)
ФИНАЛЕ 21,00: Гостилница „Кај џек“ (Скопје) – АСП Пак (Охрид)
Од 15 до 19 часот и меѓу двата сениорски меча се играат натпревари во пионерска конкуренција.
ВИДЕО
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…
СЕ ЗА ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403