Феномен беше Победа во далечното минато. Во рамките на некогашната Југославија, прилепската екипа најчесто беше во Втората југословенска лига, но неколкупати се случи отпаѓање ранг подолу, во Републичката лига на Македонија. Тогаш беше голем мотив за клубовите кои беа во таа лига. Како со нетрпение да чекаа да им гостува прочуениот тим на Победа. Тој ден стануваше празник. Голема мобилизација за сите во клубот домаќин на Победа. Ако за сите претходни мечеви беше бесплатно влегувањето за публиката, токму тогаш беше одлуката да се продаваат влезници. Ако претходно се продавале влезници по една цена, за мечот со Победа таа цена се зголемуваше за 100 насто.
Така беше и во Скопје, така и во други македонски градови. Еве еден пример мотивиран од фотографија која ни ја испрати Рубинчо Алексоски, како дел од група навивачи пред стадионот во Битола. На 23 март 1986 година во Битола се одигра меч од 17. коло на Републичката лига на Македонија меѓу РЕК Битола и Победа. За домашниот клуб се знаеше дека не наплаќа влезници, влезот во стадионот „Тумбе Кафе“ бил слободен. Но, кога гостува Победа се случува брза промена, бидејќи од Прилеп доаѓаат гледачи со автомобили, автобуси, со воз… Кој е тој што нема да купи билет, а патувал на студот со една цел – да ја гледа Победа која се бори за првото место и влезот во Втората југословенска лига. Без оглед на цената, влезници си купија сите прилепчани. Потоа навивање за Победа без прекин од почеток до крај, за успех – победа од 1:0 и нови два бода.
Победа на крајот од сезоната беше прва и успеа да се врати таму каде што и е местото – во Втората југословенска лига.
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…
СЕ ЗА ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403