Фудбал

КОЈ ДОАЃА, КОЈ ОСТАНУВА, А КОЈ ЗАМИНУВА ПО 15 ЈАНУАРИ?

Наближува 15 јануари и стартот на зимскиот преоден рок. Кога во прашање е Прилеп, фокусот и во зима е свртен кон второлигашот Победа. Меѓу љубителите на фудбалот најчестите прашања се поврзани околу голема неизвесност за тоа кои ќе бидат новите играчи, кои играчи сигурно остануваат, а кои се тие што ќе заминат? Во врска со ова засега ништо службено од клубот, освен во поглед на тие што треба да дојдат -приоритетни се средниот ред и крилните позиции. Во врска со заминувањата, засега тоа го има најавено само 22-годишниот Антонио Столевски, голманот и капитенот.

– Доаѓа денот кога е најтешко,денот на разделба. Нема доволно зборови што можам да ги кажам за мојата љубов кон Победа. Љубов е кога даваш без да очекуваш нешто за возврат, а јас се обидував да ја покажам мојата љубов на секој тренинг и секој натпревар. За некого фудбалот е само игра, а за мене е живот. За некого Победа е само клуб, а за мене сите овие години беше семејство. Благодарен сум за се што помининавме заедно и се надевам дека еден ден ќе биде онаму кај што заслужува. Иако сега заминувам, длабоко во себе знам дека ова не е збогум засекогаш. Верувам дека животот ќе ми подари можност еден ден повторно да се вратам таму каде што припаѓам-дома, во ФК Победа – е објавата на Антонио Столевски.

Првата пореална слика за Победа ќе биде на денот кога почнуваат заимските подготовки, меѓу 10 и 15 јануари.

ПОРАЧКИ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ

ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА

СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО

ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…

СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…

НА 076 502 403

 

Од категоријата

ПОСЛЕДНИ ПОРАКИ ПРЕД ДУЕЛОТ КОЛЕРАЈН – ПОБЕДА

Зоран Иге

И ТРЕТ ГОЛ ИМА ВО КОЧАНИ, НА ДУЕЛОТ ОСОГОВО – ПОБЕДА!

Зоран Иге

КОЈ ДРЕС ЌЕ ГО ОДБЕРЕ МОМЧЕТО ШТО ИМА ДАДЕНО 100 ГОЛА?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе