За тие што најмногу го сакаат фудбалот не постојат никакви пречки. Околу теренот со вештачка трева во Прилеп нема трибина, нема место за седење, но гледачите 90 минути издржуваат и со стоење (само поединци потседнуваат на седиште од мотор). Така и попладнево околу 50 фудбалски љубители го изгледаа натпреварот од 23. коло на Третата лига – Југ меѓу Динамо од Мажучиште и Росоман. Беше добар фудбал, паднаа пет гола, победија гостите со 3:2. Стрелци: Мартин Мечев во 6. и 43. минута за Динамо, а Игор Ѓорѓиев во 25. и 88., Стеван Менковиќ во 28. минута за Росоман.
РЕЗУЛТАТИ: Динамо – Росоман 2:3, Ново Црнилиште – Питу Гули 4:4, Големо Коњари – Обршани 4:0, Возарци – Марена 2:4, Слога – Превалец 0:2, Бучин – Вардар 0:4.
ТАБЕЛА: Вардар 56, Превалец 51, Росоман 43, Питу Гули 40, Ново Црнилиште 35, Големо Коњари 33, Марена 29, Динамо 28, Слога 26, Младост 19, Бучин и Обршани по 15, Возарци 6.
СЛЕДНО 24. КОЛО (среда, 17,30 ч.): Питу Гули – Бучин, Вардар – Слога, Превалец – Динамо, Росоман – Возарци, Марена – Големо Коњари, Младост – Ново Црнилиште.