Пинг-понг

ТРИ И ПОЛ ЧАСА БЕШЕ БОРБА ЗА ТИТУЛАТА

Екипата на Крива Паланка е новиот шампион на Македонија во пинг-понг за мажи. Предмалку во пингпонгарската сала до ДТВ Партизан во Прилеп, Крива Паланка со минимални 4:3 го совлада домашниот Младост 96, досегашен шампион. Тоа беше тешка, исцрпувачка борба во траење од три и пол часа. Со оглед на тоа што кривопаланчаните победија и вчера, дома, со 4:1, тие дојдоа до втората победа во серијата до два и ги освоија пехарите од ППФМ, преодниот и во трајна сопственост.

„Честитки за новиот шампион на Македонија.  Сезоната ја завршуваме без титула, но со силна екипа која диши како еден“, порачуваат од Младост 96..

Клубот Младост 96 има две вицешампионски позиции, покрај во машка, претходно освои и во женска конкуренција.

Од категоријата

(фото) ДЕНЕСКА ПРИЛЕПСКОТО ДЕРБИ БЕШЕ ВО ОСУМ ПАРТИИ!

Зоран Иге

ДРАМАТИЧНО ДОБИЕН НОВИОТ ШАМПИОН!

Зоран Иге

(фото) ЕСЕНСКИОТ ПРВАК Е ДОБИЕН ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе