Моделарство

ПРИЛЕП ИМА ЧУДО ОД ДЕТЕ, ВТОРО Е НА СВЕТСКАТА РАНГ-ЛИСТА!

Прилепчанчето Лука Најдоски и покрај обврските кон Средното воздухопловно училиште во Белград, успева да биде и врвен спортист, во воздухопловното спортско моделарство. Тој таму не само што учествува, туку и победува! На ранг-листата од јуниорите од целата планета според ФАИ, тој е на високото второ место, меѓу 63 репрезентативци од многу држави, веднаш под Полјакот Томаш Језиорни.

– Минатава година имав врвни резултати, а следнава сакам уште поголеми. Учествував на многу натпревари од светските купови, каде на седум од нив освоив први места во слободнолетечки модели Ф1А (едрилици). Настапив во Бугарија, Србија, Романија, Словачка… Следната цел ми е да бидам со висок пласман на Европското јуниорско првенство во Романија – вели Лука Најдоски, спортски наследник на својот татко Станислав, најдобар спортист на Прилеп за 2000 година.  

Во воздухопловниот спортски клуб „Фил феникс“ се повеќе генерации успешни спортисти. Покрај Лука Најдоски, тука секогаш е брат му Дино, па Анастасија Пожарска, Симона Тошеска, Михаил Пожарски… 

– Јас и сите во клубот „Фил феникс“ сме исклучително задоволни од сето она што се оствари во 2024 година. Од организациски аспект – домаќини на Светски куп за слободнолетечки модели, Светски куп за летање со дронови, Меѓународниот натпревар за летање со собни модели, Светското јуниорско првенство. Што се однесува до резултатите, тие беа исклучителни од два аспекта, прво – за домашните, државните натпревари, второ – на финалната листа на ФАИ, според постигнувањата на светските купови, каде голема радост за сите е второто место кај јуниорите за Лука Најдоски. Исклучително тешки натпревари низ Европа, на коишто мора да се учествува за да се добијат потребните бодови. Исто така учеството на Светското јуниорско првенство беше одлично за нашите учесници – Лука Најдоски на 14. место. Големо постигнување е и на Европското првенство во Романија, каде Анастасија Пожарска со малку среќа можеше да дојде до третото место. Така, мотивирани од она што беше во 2024 година, продолжуваме амбициозно и во 2025 година. Веќе се знае дека нашиот клуб ќе има организација на неколку светски купа. „Прилеп куп“, „Трофеј на Прилеп“, „Македонија куп“, Светски куп со собни модели, Светски куп со дронови. Организацијата е јубилејна – одбележуваме 25 години од првиот светски куп во 2000 години. Пак ќе имаме учества на домашните првенства, услов за обезбедување место во репрезентацијата на Македонија. Голем предизвик е и учеството на Европското јуниорско првенство во Романија – рече Здравко Тодороски, директор на клубот „Фил феникс“.

На средбата со новинарите беа присутни ветераните Диме Велкоски и Станислав Најдоски, кои се голема поддршка за младите во клубот „Фил феникс“.

ПОРАЧКИ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ

ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА

СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО

ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…

СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…

НА 076 502 403

Од категоријата

(видео, фото) ПРИЛЕП: ТРИ КОНТИНЕНТИ ВО БИТКА ЗА МЕДАЛИТЕ!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: САМО НА МОГИЛА ИМА СПОРТ ЗА ГЛЕДАЊЕ!

Зоран Иге

ДЕТЕ ПРИЛЕПЧАНЧЕ ГИ ПОБЕДИ СИТЕ ВОЗРАСНИ НА СВЕТСКИОТ КУП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе