Моделарство

И ХРВАТИ ДОАЃААТ ПО БОДОВИ ВО ПРИЛЕП!

На теренот од стадионот „Могила“ во Прилеп утре и задутре (сабота и недела) е Светскиот куп во летови со мултиротори (дронови), организиран од клубот Фил феникс и ВФМ (Воздухопловната федерација на Македонија), според календарот на ФАИ (Интернационалната воздухопловна федерација). Во последен миг зголемен е бројот на пилотите, наместо најавените 23 сега се 27 од 8 држави, наместо најавата од седум држави. Во споредба со минатото известување, нови учесници има од Хрватска (двајца), како и од Србија (уште двајца на претходно пријавените шестмина). Така, досега претставниците од Македонија, сите од Скопје – Бојан Ников, Александар Ников и Бошко Петрески (последниов со прилепски корени), имаат ривали од Кина, Чешка, Србија, Турција, Бугарија, Унгарија и Хрватска. Потсетуваме, Бојан Ников лани го освои златниот медал. Претстои голема битка кон освојување нови бодови за светската листа од ФАИ.

За гледачите е информацијата дека на теренот кај Могилата в сабота тренингот и квалификациските натпревари се од 10 до 17 часот, додека в недела квалификациите и битката за пласман се од 9 до 15 часот.

Од категоријата

ВО ПРИЛЕП БОРБА НА АМЕРИКАНЦИ ПРОТИВ КИНЕЗИ!

Зоран Иге

МАКЕДОНЦИТЕ СО НОВИ ПОЕНИ ЗА СВЕТСКАТА ЛИСТА

Зоран Иге

(фото) СВЕТСКО ПРИЗНАНИЕ ДОБИ САМО ЕДЕН ЧОВЕК – ПРИЛЕПЧАНЕЦ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе